Европската комисија соопшти денеска дека обезбедила уште 25 милиони евра хуманитарна помош за Ирак. Со таа цифра, од почетокот на годината вкупната европска помош е 63 милиони евра.
Средствата ќе бидат за раселените поради воените дејствија. Тие ќе добијат засолништа, храна, вода и лекарства.
Комисијата наведува дека во изминатата година бројот на луѓе на кои име потребна хуманитарна помош во Ирак е зголемен четири пати.