ЕК нема официјален коментар околу намерата за повлекување на „тројката“ кредитори за Грција

Од:

Европската комисија засега нема официјален коментар на информацијата за намерата да биде укината мисијата на „тројката“ меѓународни кредитори за Грција, доколку Атина се согласи да ја продолжи политиката на мерки за штедење.

– Ги видовме овие информации во медиумите, но засега немаме никаков коментар, соопшти прес-службата на ЕК.

Дипломатски извор денеска истакна дека прашањето за повлекување на „тројката“ меѓународни кредитоти за Грција (ЕК, ЕЦБ и ММФ) може да биде разгледано уште оваа недела за време на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Брисел на 4 февруари.

Изворот тврди дека ЕК ја разгледува можноста да биде укинат форматот на „тројката“ кредитори, која се занимава со кредитирање и фактички го спроведува надворешното управување на грчката економија. Според него, Брисел може да се согласи со тоа единствено ако грчката Влада се придржува кон претходно договорениот курс на реформи и штедење.

Според германски владини извори, Берлин, исто така, е подготвен за реформирање на договорите меѓу Грција и „тројката“.

Новата грчка Влада соопшти дека сака да ги заврши спасувачките договори и дека нема да преговара со инспекторите на „тројката“ во Атина. Тоа покажува дека таа сака да преговара директно со европските власти и ММФ за нова спогодба, која ќе овозможи намалување на грчкиот долг.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој в среда во Брисел треба да се сретне со Ципрас, изјави дека не е подготвен да прифати какво и да е директно намалување на грчкиот долг, објавија британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот