ЕК: Кризата од Ковид-19 ги загрозува социјалните придобивки во ЕУ

Од:

По повод објавувањето на последниот извештај на Европската Комисија (ЕК) за вработеноста и социјалната состојба во ЕУ, еврокомесарот за труд и социјални прашања порача дека за економското закрепнување ќе биде клучно да се стави фокусот на намалувањето на нееднаквоста, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот, кој се објавува секоја година, овој пат е ставен под знакот на пандемијата од Ковид-19, чии штети, според ЕК, најефикасно ќе се санираат ако земјите членки на ЕУ ги искористат максимално решенијата на дигиталната и еколошка транзиција.

Економското заздравување, додава извршната европска власт, мора да биде инклузивно, праведно и одржливо, со што ќе се зајакне социјалната отпорност на европските општества.

-Извештајот покажува дека зајакнувањето на социјалната еднаквост е суштинска за да се надмине кризата. Тоа бара да се стави човекот во центарот на преокупациите. За да обезбедиме отпорност, солидарност и кохезија, реакцијата на ЕУ мора да биде приоритетно фокусирана на вработеноста, намалувањето на нееднаквоста и обезбедувањето еднакви можности, изјави еврокомесарот за труд и социјала, Никола Шмит.

Комисијата предупредува дека пандемијата од Ковид-19 го загрозува остварениот социјален напредок до сега, со оглед на тоа дека економскиот шок е поголем и од кризата во 2008, а најпогодени се и најранливите групи во општеството.

Иако Комисијата нема овластувања во делот на социјалната политика и не може да им наметне ништо во оваа област на земјите членки, таа констатира дека позитивно влијание има воведувањето на минимална плата, и инсистира на подобрувањето на социјалната еднаквост како и вложувањето во социјални мерки заедно со неопходната еколошка транзиција.

Според ЕК, потребни се мерки за привремени социјални бенефити за невработеност за да се ублажат штетните последици од кризата. Конечно, колективните договори и социјалниот дијалог имаат позитивен ефект врз праведноста на работното место, подобрувањето на приходите и на условите за работа.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска