ЕК ќе купи уште 36 милиони дози од вакцината на Џонсон и Џонсон

Од:

Европската комисија ќе го искористи своето право да набави дополнителни 36,7 милиони дози од вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“, изјави денеска портпаролот на компанијата.

Тој додаде дека во тек се дискусиите во врска со тоа.

Комисијата првиот пат купи 200 милиони дози на вакцината во октомври 2020 година.

Производителот на лекови се обидува да ја исполни својата првична нарачка. На крајот на јуни, компанијата испорача само 14 милиони дози, далеку под договорените 55 милиони во првата половина на годината. Производството во САД наиде на потешкотии, но компанијата веќе има два погона кои ја произведуваат вакцината во Европа.

Вакцината првпат беше одобрена за употреба во Унијата во март.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он