ЕК ја тужи Унгарија поради непочитување на Законот за азил

Од:

Европската комисија денеска поднесе тужба против Унгарија поради непочитување на Законот за азил и враќање на мигрантите, и и испрати предупредување поради законот, со кој се инкриминираат активностите на невладините организации, кои им помагаат на мигрантите, изјави портпаролката на ЕК Мина Андреева.

ЕК испрати предупредувачко писмо, што е првиот чекор во започнување постапка против една земја-членка, поради новиот унгарски закон, со кој се инкриминираат активностите на невладините организации, кои им помагаат на мигрантите, наречен „Стоп Сорос”.

Андреева рече дека ЕК и испратила на Владата на Унгарија официјално предупредување и и дала рок од два месеци да одговори на него.

Тужбата е поднесена поради тоа што унгарскиот закон предвидува дека барање за азил може да се поднесе само во рамките на транзитните центри за бегалци, во кои пристапот е дозволен само на ограничен број на луѓе, и затоа што унгарскиот закон не е во согласност со европските, кои предвидуваат дека лицето може да се задржи во транзитен центар најмногу четири недели.

Унгарскиот парламент ги усвои овие пакет- закони во јуни со цел да ја казни „промоцијата или организирањето на илегалната миграција”.

Венецијанската комисија на Советот на Европа претходно ги критикуваше некои делови од новиот закон, наведувајќи дека сериозно се заканува работата на легитимните граѓанските организации.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта