ЕК: Изјавите на Борел и Лајчак за Косово се конзистентни, различните толкувања не се точни

Од:

Европската унија покажува единство во својот пристап кон олеснување на дијалогот меѓу Косово и Србија, и покрај контрадикторните изјави за опциите и компромисите кои страните може да ги прават.

Шефот на европската дипломатија Жосеп Борел изјави пред неколку дена дека можноста за територијална размена меѓу Косово и Србија, е работа за која двете страни треба да одлучат, додека специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак ја отфрли таа можноста.

Од Европската комисија е соопштено дека ЕУ е единствена во однос на рамките и принципите кои треба да се следат во дијалогот и дека нема разлики во ставовите.

– Изјавите на високиот претставник Жосеп Борел и на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак се конзистентни и согласно нашите долгогодишни ставови, а да се тврди поинаку е погрешно толкување и всушност е неточно. Борел доследно го бранеше ставот дека Србија и Косово треба да ги решат сите отворени прашања без одложување – ова е приоритет за Европската унија и исто така треба да биде приоритет и за нив, изјави портпаролот на ЕК, Питер Стано.

Што се однесува до содржината на конечниот договор, според Стано, тој мора да биде согласно законите и вредностите на Европската унија, и согласно меѓународното право.

На поголемо учество во овој процес минатата недела предупредија министрите за надворешни работи на Германија и Франција, кои побараа итност во продолжување на дијалогот, споменувајќи ја можноста за организирање на втор самит (во формат на берлинскиот) во Париз

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ЕК: Македонија ќе ги добие средствата за пред-финансирање што е можно поскоро

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Европската Комисија го осуди денешниот руски ракетен во Киев

Горан Наумовски

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра