ЕК и се закани на Унгарија со уште три казнени постапки

Од:

Заменикот претседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс ја предупреди денеска Унгарија дека против неа можат да бидат поднесени уште три казнени постапки.

Тимерманс ја даде изјавата во Европскиот парламент во присуство на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Европската комисија соопшти денеска дека почнала прекршочна процедура против Унгарија поради промените во унгарскиот закон за високо образование. Законските промени се презедоа како пречка за постоењето на Централноевропскиот универизтет во Будимпешта, основан од Џорџ Сорос.

ЕК оценува дека тој закон би можел да им наштети на европските права за давање услуги, но и на академската слобода и право на образование.

Претседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис изјави денеска дека ЕК испратила „официјално известување“ до Владата на премиерот Виктор Орбан, што е прв чекор во правната постапка.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта