ЕК го одобри планот за обнова на Полска од пандемијата

Од:

Европската комисија денеска објави дека го одобрила планот за обнова на Полска од пандемијата, со што се отвора пат за помош од 35,4 милијарди евра, блокирана една година поради недостигот на независност на судството во таа земја.

„Денеска Европската комисија даде позитивна оценка за полскиот план за реконструкција, што е важна фаза за ЕУ ​​да исплати 23,9 милијарди евра субвенции и 11,5 милијарди евра заеми“, се вели во соопштението.

Поради контроверзната реформа на судството во 2016 година, која, според ЕУ, ја загрози независноста на судовите, средствата на Унијата беа блокирани поради системски ризици за владеењето на правото.

Двајца комесари се спротивставија на одобрувањето на состанокот на Европската комисија, јавија бриселски медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани