Европската комисија денеска повтори дека договорот со Велика Британија за напуштање на Европската унија мора да содржи „целосно изводливо и законско оперативно решение“.
ЕК нагласува дека е подготвена да го анализира секој предлог што ќе ги исполни сите цели за решавање на границата меѓу Ирска и Северна Ирска.
Коментарот на ЕК уследи откако главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние се состана со неговиот британски колега Стивен Беркли во Брисел.
ЕК објави дека техничките разговори за тоа прашање ќе продолжат.