ЕК додели два милиони евра за УНХЦР за справување со бегалската криза во Македонија и Србија

Од:

Европската комисија денеска обезбеди дополнителна финансиска поддршка на агенција на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во висина од два милиони евра за да се задоволат основните потреби на ранливите бегалци и азиланти што во моментов транзитираат низ земјите од Западен Балкан, посебно на оние во Република Македонија и во Србија. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, оваа хуманитарна помош, според соопштението на неформалната влада на Европската унија, ќе му овозможи на УНХЦР да обезбеди 200.000 бегалци со топла облека за зимата и привремено засолниште и заштита на локалитетите за прием во регионот.

– Со зимата која не демне, најранливите ќе ја имаат нашата помош што им е потребна и солидарност повеќе од било кога. Тие ќе ја имаат задоволено потребата од основни продукти, како што се храна, засолниште, хигиенски средства, како и итна здравствена заштита. Ние ја обезбедуваме оваа хуманитарна помош за да се справиме токму со тоа – истакна комесарот на ЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи, Христос Стилијанидис.
Според информациите на Еврокомисијата, во 2015 година е обезбедена хуманитарна помош во износ од над 8.740.000 евра за земјите во Западниот Балкан. А, ова финансирање на УНХЦР се смета за дел од пакетот за помош од 17 милиони евра што претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер јаобјави на 3 октомври, за да им помогне на Србија и на Република Македонија во справувањетп со приливот на бегалци. По постигнатиот напредок по првата видео-конференција на контакт-точките на западно-балканската миграторса рута, именуван по состанокот на шефовите на државите и владите на десет ЕУ-земји плус Македонија, Србија и Албанија на 25 октомври, Комисијата најави дека следната видео-конференција, каде македонската држава е претставена од државната секретарка во Министерството за внатрешни работи, Анастасија Илиеска. ќе се одржи на 4-ти ноември.
Утрешната видео-конференција ќе биде можност да се направи преглед на состојбата во однос на оперативните мерки усвоени во изминатата недела и очекувањето на Брисел и од Македонија да определи дополнителни слободни капацитети, освен она што претседателот Ѓорге Иванов го објави и изнесува 2.000 места за привремено сместување на бегалците. Минатата недела, само Австрија (5.000 капацитет), Словенија (2.000), Хрватска (2.000) и Србија (3.000) пријавија дополнителни капацитети.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска