Европската комисија соопшти дека социјалните мрежи треба да вложат повеќе напори за исполнување на барањата што во март минатата година беа поставени од страна на Еврокомисијата и телата за заштита на потрошувачите на државите членки на ЕУ, за почитување на правилата за заштита на корисниците.
Денеска Фејсбук, Твитер и Гугл Плус ги објавија промените направени за усогласување на условите со правилата на ЕУ за заштита на корисниците.
Граѓаните нема повеќе да бидат принудувани да се откажуваат од загарантираните права, како на пример враќање на произведи купени оналјн, жалбите сега ќе може да се поднесуваат во Европа, а не во Калифорнија, а доставувачите на оналјн услугите ќе преземат фер удел од одговорноста.
Промените, сепак, само делумно одговараат на барањата согласно правото на ЕУ за заштита на корисниците.
Додека последните предлози на Гугл изгледаат во согласност со барањата на телата за заштита на потрошувачите, Фејсбук, и во поголема мерка Твитер, само делумно ги решиле важните прашања во врска со одговорноста и начинот на информирање на корисниците, односно евентуално отстранување на содржините или прекин на договорот.