ЕК бара од Турција да обезбеди консензус за измени на Уставот

Од:

Турција би требало да обезбеди најширок можен национален консензус за уставните амандмани, имајќи го предвид тесниот резултат од референдумот за уставни реформи, соопшти синоќа Европската комисија.

Врз основа на преброени 99 отсто од гласовите, 51,3 отсто од гласачите биле за измени на Уставот, додека 48,3 отсто се изјасниле против.

– Имајќи го предвид тесниот резултат и далекусежните последици од уставните амандмани, ги повикуваме турските власти да се обидат да обезбедат најширок можен консензус за нивна примена, се вели во соопштението на Комисијата.

Станува збор за заедничко соопштение на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп