Ехуд Олмерт: Јас би и се извинил на Турција

Од:

 Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт изјави дека ако тој би бил на власт би и се извинил на Турција за инцидентот со турскиот брод „Мави Мармара“.

– Ако јас бев премиер ќе му се извинев на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и на турскиот народ за смртта на цивилите. Ќе и се обратев на турската Влада два дена по тоа, за да постигнеме компропмис, истакна Олмерт.

Во 2010 година израелски командоси упаднаа на турскиот брод „Мави Мармара“, што превезуваше хуманитарна помош за Појасот Газа, при што беа убиени деветмина Турци, а над 50 беа повредени.

Инцидентот предизвика тензии меѓу Турција и Израел. Анкара побара од Тел Авив да се извини за нападот, да плати отштета на семејствата на жртвите и да ја отстрани блокадата над Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски