Ехуд Барак: Израел не може да се потпре ниту на пријателите за помош

Од:

Израелскиот министер за одбрана во заминување, Ехуд Барак, истакна во својот говор дека, Тел Авив не може да смета дури ни на најблиските пријатели и сојузници, кога станува збор за безбедноста.

Коментарот доаѓа во време кога ОН и ЕУ се повеќе вршат притисок врз Израел да запре со изградбата на населби во окупираните палестински територии, додека некои тврдат дека скорешната посета на американскиот претседател Барак Обама би можела да доведе до значителни промени во односите меѓу Вашингтон и Тел Авив.

„Кога светот, вклучувајќи ги и нашите добри пријатели, ни порачуваат:” Не грижете се, знаеме што ќе правиме и во случај на најлошо сценарио, јас тврдам дека дури ни тоа не треба да се земе здраво за готово “, истакна Барак за време на прошталниот говор во понеделникот. “Паметните луѓе со кои разговараме ширум светот, веруваат дека основата на проблемот на Блискиот Исток е поврзана со нашата неможност за постигнување мир со палестинците”, рече тој.

Ехуд Барак (70), кој зад себе има 36 години воената кариера, во ноември минатата година, најави дека се повлекува од политиката. Неговата одлука за повлекување дојде само неколку дена по нападот врз Газа.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски