Ехуд Барак: Израел е пред „светски терористички бран“, спонзориран од Иран

Од:

Израел е исправен пред светски терористички бран, спонзориран од Иран, изјави денеска израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак по вчерашниот крвав антиизраелски атентат во Бугарија, соопштија француските медиуми.

„Ние сме исправени пред светски терористички бран Атентатот во Бургас беше извршен од активисти на (либанското шиитско движење) Хезболах и спонзориран од Иран“, изјави Барак за израелското државно радио.

„Мрежите на Ал Каеда и Светскиот исламски џихад, исто така, дејствуваат“, додаде Барак, кој спомена долга серија неодамнешни напади или обиди за напади врз Израелци во странство, најмногу во Кенија, Тајланд, Азербејџан, Грузија и Кипар.

„Стотици илјади Израелци се наоѓаат во странство и нашите разузнавачки служби се во контакт со нивните странски колеги, на кои им ги предаваат своите информации“, посочи израелскиот министер. „Понекогаш има многу големи успеси, но не секогаш нештата минуваат и треба да продолжиме да живееме. Ќе направиме се што е можно за наоѓање на извршителите на атентатот во Бургас и нивните спонзори“, уверува Барак.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници