Специјалниот претставник на Државниот совет на Северна Кореја за политика кон САД Ким Хјок Чол бил егзекутиран во март по средбата која заврши без резултат меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Ова денеска го објави конзервативниот јужнокорејски весник „Чосун Илбо“ (The Chosun Ilbo) повикувајќи се на свои извори во Северна Кореја.
Според весникот, биле егзекутирани и четворица претставниви на севернокорејското Министерство за надворешни работи кои учествуваче во преговорите. Тие биле обвинети за шпионажа во полза на САД.
Уште неколку учесници на средбата, меѓу кои и преведувачот на Ким, биле испратени во поправни логори, пишува „Чосун Илбо“.