Егзекутиран министерот за одбрана на Северна Кореја обвинет за измама

Од:

Јужнокорејското разузнавање соопшти дека во Северна Кореја е егзекутиран министерот за одбрана,Хон Јон-чол, кој бил обвинет за измана, нелојалност и непочитување на лидерот Ким Џонг-ун. Неговиот грев бил што во присуство на лидерот заспал на еден армиски настан, пренесоа светските агенции.

Припадници на јужнокорејското разузнавање, на затворена седница,  ја информираа парламентарната комисија за најновата егзекуција во Северна Кореја.

Севернокорејскиот министер за одбрана Хон Јон-чол бил сменет и потоа егзекутиран од стрелачки вод, посочуваат јужнокорејските медиуми. На егзекуцијата на 30 април присуствувале стотици високи претставници на режимот во Пјонгјанг, посочуваат француските медиуми.

Според ТАСС, пак, егзекуцијата била извршена со артилериско оружје, односно со рачен ракетен фрлач.

Според јужнокорејското разузнавање, од почетокот на годината во
Северна Кореја се  егзекутирани 15 високи функционери, посочува ДПА.

Во декември 2013 година, по јавното судење беше егзекутиран, исто така, заради измама, антипартиска дејност и морално раслојување, чичкото на севернокорејскиот лидер Чан Сон-Тек, кој дотогаш беше сметан за негов наследник, напоменува ТАСС. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“