Граѓаните го избираат првиот претседател на Египет по Мубарак, како финален тест на египетската револуција. Во трка се кандидатот на Муслиманското братство, Мохамед Mурси и поранешниот премиер од времето на Мубарак, Ахмед Шафик.
„Ние сме на истото место каде што бевме кога Мубарак падна“, рече добитникот на Нобеловата награда Мохамед ел Барадеј, кој претходно се повлече од претседателската трка.
Изборите се одржуваат во атмосфера на зовриени страсти по одлуката на Врховниот суд да ги поништи парламентарните избори минатата година и да им овозможи на Шафик, последниот премиер на соборениот Хосни Мубарак, да остане во претседателската трка – и покрај претходната одлука да им се оневозможи на луѓето на Мубарак да се занимаваат со политика.
Египетскиот реформистичкиот лидер и нобеловец Мохамед ел Барадеј, рече во пресрет на изборите, дека Египет е резултат на серија од лоши политички одлуки и е повторно на ивица да добие „нов диктатор“.