Египетскиот суд го продолжи притворот на Мохамед Морси

Од:

Египетскиот суд го продолжи притворот на соборениот претседател Мохамед Морси за период од 15 дена, бидејќи истрагата против него продолжува, објави анонимен судски извор.


Морси е обвинет за заговор со палестинските екстремисти за време на востанието во 2011 година во Египет.


Ваквата одлука судијата Хасан Самир ја донел денеска поради продолжената истрага по обвинението, дека Морси заговарал со Хамас, да избега од затворот во Вади ал Натрун во околината на Каиро, заедно со уште 33 членови на неговото движење „Муслиманско братство“.


Морси се наоѓа во притвор од 3 јули, кога египетската армија го собори од власт. Ова е второ продолжување на неговиот притвор. Првиот пат беше на 26 јули.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски