Египетскиот претседател Сиси во инспекција на војската во немирниот Синај

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ас Сиси денеска изврши инспекција на силите за безбедност на Синајскиот Полуостров, каде тие се борат со борци кои ја поддржуваат групата Исламска држава, пренесе ДПА.

Сиси се сретна со претставници на армијата и полицијата. Тој го посети главниот штаб на војските во северен Синај и беше запознат со операцијата што се води против џихадистите.

Силите за безбедност во Синај се подложни на напади од џихадистите, откако во Египет во 2011 година беше соборен режимот на Хосни Мубарак. Екстремистите ги засилија своите вооружени активности откако армија во 2013 година го отстрани од власта претседателот Мохамед Морси.

Неделава борците, поврзани со Исламска држава, извршија координирани напади врз силите за безбедност во Синај.

Според армијата во нападите и борбите што следеле загинале 17 војници и 100 екстремисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува