Египетскиот претседател нареди помош за христијаните кои бегаат од Синај

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и нареди синоќа на Владата да ги преземе сите неопходни мерки за да им помогне на христијаните, кои бегаат од северниот дел на Синајскиот Полуостров, откако египетскиот огранок на Исламска држава уби најмалку шестмина христијани минатиот месец, јави ДПА.

Ова е првата официјална реакција на Египет на нападите врз христијаните во градот Ел Ариш на Синајскиот Полуостров.

На средбата со членовите на кабинетот Ал Сиси нареди да се преземат мерки за борба со сите обиди за саботирање на безбедноста и стабилноста во Египет и да им се помогне на граѓаните да се сместат на друго место, се вели во соопштението на претседателскиот кабинет.

Христијаните копти се околу десет проценти од 92 милионското население на Египет и тие се најголемата христијанска заедница на Блискиот Исток.

Христијаните копти продолжуваат да бегаат од Синај, а претставник на Коптската црква изјави дека неколку семејства пристигнале вчера во градот Исмалија, во близина на Суецкиот Канал, каде во петокот засолниште пронајдоа околу 250 копти.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина