Египетскиот потпретседател поднесе оставка

Од:

Потпретседателот на Египет Мохамед Ел Барадеј поднесе денеска оставка заради несогласување со одлуката на властите насилно да ги урнат протестните кампови на приврзаниците на соборениот од власт претседател Мохамед Морси во Каиро, што предизвика судири во кои загинаа најмалку 149 луѓе. Оставката ја образложува во писмо до привремениот претседател Адли Мансур.

– Ми стана претешко и понатаму да носам одговорност за одлуки за кои не се согласувам и од чии последици стравувам. За жал, од денешните случувања профитираат само оние кои повикуваат на терор и насилства, а тоа се екстремистичките групи, наведува тој.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски