Египетскиот парламент го усвои предлог-уставот, следува референдум

Од:

Египетскиот Парламент рано изутринава го усвои предлог-уставот, со кој сака да постигне трансформација на земјата и кој ќе биде ставен на референдум до средината на следниот месец.

На седницата, која траеше 19 часа, усвоени се 234 членови од уставот, кој треба да го трансформира Египет и да отвори пат кон завршување на кризата која кулминираше кога претседателот Мохамед Морси донесе декрет со кој си даде преголеми овластувања.

Усвоениот предлог содржи историски промени во египетскиот систем на владеење, на пример дека шефот на државата ќе може да се избира во два мандата по ред од по четири години, додека соборениот претседател Хосни Мубарак беше на власт три децении. Новиот документ содржи и членови кои се однесуваат и на статусот на исламот, воената улога, човековите права во ерата по Мубарак.

– Ова е револуционерен устав, изјави претседателот на парламентот Хосам ел Геријани.

Се очекува документот Морси да го ратификува до утре, по што за две недели ќе биде ставен на референдум.

Опозицијата не се согласува што донесувањето на предлог-уставот било „избрзано“ и е против некои одредби за слободите и правата. Христијаните се против задржувањето на „шеријатските принципи“ како главна основа на законодавството.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет