Египетскиот министер за нафта Шериф Исмаил доби мандат да состави нова Влада

Од:

Египетскиот претседател Абдул Фатах ас Сиси на досегашниот министер за нафта Шериф Исмаил му даде рок од една недела да состави нова Влада, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на соопштение на кабинетот на претседателот.

Веста, како што пренесува БТА, беше објавена само еден час откако египетското претседателство  информира за оставката на кабинетот на премиерот Ибрахим Махлаб, без да се посочат причините за неа.

Висок египетски претставник, кој посакал анонимност, за француските медиуми изјави дека целта на промената е на Владата да и се даде нов импулс во управувањето со земјата по експлозијата на корупцискиот скандал во земјата.

Министерот за земјоделие, Салах ад Дин Хелал, во понеделникот беше уапсен во Каиро, откако претходно беше присилен од претседателот да си поднесе оставка заради учество во корупциска афера во неговото министерство.

Според властите, Хелал и шефот на неговиот кабинет се осомничени дека преку посредник побарале и добиле поткуп од безнисменот Ајман ал Гамил, за да му го протуркаат добивањето  државно земјиште.

Американските медиуми посочуваат дека двајцата добиле поткуп од над милион долари.

И покрај корупцискиот скандал, претседателот Ас Сиси го поздрави премиерот Махлаб и неговата екипа „за нивните напори во овој тежок период од историјата на земјата“.

Махлаб, кој беше видна фигура во партијата на соборениот експретседател Хосни Мубарак, на почетокот на 2014 година беше избран за премиер.

Кабинетот поднесе оставка само неколку недели пред парламентарните избори, чиј почеток е закажан за 17 октомври.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува