Египетски воен брод ракетиран од милитантни екстремисти од Синај

Од:

Исламистичката милитантна група „Провинција Синај“, која дејствува како огранок на џихадистичката Исламска држава (ИД), тврди дека извршила ракетен напад врз еден египетски воен брод во Медитеранот.

Групата поставила на интернет и снимка на која се гледа како ракетата се движи кон бродот, кој набргу потоа е погоден, по што одекнала силна експлозија.

Оваа милитантна група која дејствува на територијата на египетскиот полуостров, во соопштението вели дека испукала антитенковска ракета од брегот на Синај.

Египетските воени власти признаваат дека имало инцидент во водите на Медитеранот, но тврдат дека до него дошло кога еден брод на египетската крајбрежна стража бил зафатен со оган по „вооружената пресметка“ со милитантите кои дејствувале од брегот.

Инцидентот за кои двете страни даваат сосема различни податоци, според армиските сили поминал без жртви и повредени меѓу членовите на бродскиот екипаж, додека во соопштението на милитантите се вели дека на бродот кој претрпел тешки оштетувања, имало „загинати и повредени“.

Инцидентот во Медитеранот се случил покрај брегот на полуостровот Синај, во реонот на градот Рафах, кој е во соседство на Појасот Газа.

Претходно овој месец, повеќе од 100 лица беа убиени, меѓу кои најмалку 17 египетски војници, во два синхронизирани напада врз контролните пунктови во градовите Шеик Зувеид и Рафах.

Групата „Провинција Синај“ претходно се нарекуваше Ансар Беит ал Макдис ( Шампионите од Ерусалим). Промената на името настанала во ноември минатата година, кога синајската милитантна група и се приклучила на Исламска држава.

Оваа група зајакнато дејствува по соборувањето од власт на поранешниот египетски претседател исламист, Мохамед Морси во јули 2013 година. Исламистичките милитанти тврдат дека од тогаш имаат убиено повеќе од 600 полицајци и воени лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува