Египетски суд укина смртна казна за 149 исламисти

Од:

Египетскиот Апелациски суд ги укина денеска смртните пресуди за 149 исламисти, обвинети за убиство на 13 полицајци при упад на поголема група луѓе во полициска станица во 2013 година.

Судот наложи повторно судење на обвинетите за нападот, во кој во близина на Каиро на 14 август 2013 година беа убиени 13 полицајци, истиот ден кога полицијата во главниот град уби повеќе стотици исламски демонстранти.

Пресудата на првостепениот суд е донесена во февруари минатата година на масовното судење, едно од повеќето во рамки на акцијата на власта против приврзаниците на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси, кои наидоа на меѓународна осуда.

Не е познато врз која основа судот донесе одлука за повторно судење, но египетските судови изминатите денови укинаа над сто смртни казни, предизвикувајќи одобрување на активистите за заштита на човековите права, но и незадоволство кај некои претставници на Владата, кои беа за итно егзекутирање.

Од соборувањето на Морси во 2013 година се погубени седум лица, осудени во политичките процеси, од кои шестмина припадници на една исламистичка милитантна група.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува