Египетски суд го прогласи денеска палестинското движење Хамас за терористичка организација, соопшти судски извор.
Властите во Каиро веќе го забранија вооруженото крило на исламистичкото движење, обвинето дека го поддржува џихадистичкиот бунт во Синај.
На крајот на јануари египетското правосудство го прогласи за „терористичко“ военото крило на палестинското движење Хамас – Бригадите на „Изедин ал Касам“, а во март минатата година египетски суд ја забрани дејноста на Хамас на египетска територија и нареди да се замрзнат сметките на движењето.