Египетски министер: Терористички напад една од опциите

Од:

Египетските власти не исклучуваат ниту една од можностите за причината на падот на авионот на компанијата „Иџипт Eр“, кој ноќеска исчезна од радарот над Средоземното Море, па ни „терористички напад“, изјави денеска египетскиот министер за цивилно воздухопловство Шериф Фати.

Тој на прес-конференцијата во Каиро истакна дека се додека не биде пронајден авионот ќе зборува дека „авионот е исчезнат“, пренесува Танјуг.

– До сега немаме информации дека се пронајдени какви било остатоци од авионот, рече египетскиот министер и додаде дека не може дури ни да потврди дека авионот паднал.
Фати апелираше до медиумите да престанат со шпекулации околу причината за несреќата.
Последниот контакт со авионот кој леташе на линијата Париз-Каиро, остварен е во 2,30 по локално време, додека во 2,50 е пробано да се воспостави контакт, но без успех.
Фати потврди дека потрагата по остатоците од авионот се фокусирани на подрачјето околу грчкиот остров Карпатос.

Во авионот „Иџипт Eр“ во моментот на несреќата се наоѓале 56 патници и десет членови на екипажот. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува