Египетски адвокат: Национална должност е да се силуваат жените кои носат искинати фармерки

Од:

Египетски адвокат изјави дека е „национална должност“ да се силуваат девојките кои што носат искинати фармерки.

– Девојките мораат да се почитуваат самите себе за да ги почитуваат другите. Заштитата на моралот е поважна од заштитата на границите, рече адвокатот Набих ал Вахш на една телевизиска дебата, поради што ќе добие пријава пред египетскиот Национален совет за женски права.

Тој додаде дека девојките кои што носат искинати фармерки треба да се силуваат бидејќи поттикнуваат сексуално возменирување.

Шефицата на Националниот совет, Маја Морси го обвини Ал Вахш за отворен повик за силување и кршење на Уставот на земјата.

Ал Вахш претходно го има напаѓанот Националниот совет обвинувајќи ги дека спроведуваат западна агенда одговорна за зголемување на бројот на разводи и за уништување на Египет. Контраверзниот адвокат застана во одбрана на неговите ставови, наведувајќи дека и неговата ќерка би заслужила силување доколку носи искинати фармерки.

– Мојата ќерка носи обични фармерки. Мора да се држиме до источните обичаи и традиција кои што потекнуваат од светите книги, рече тој.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски