Египетската полиција денеска упадна во канцелариите на порталот „Мада Маср“, кој ја критикува Владата на претседателот Абдел Фатах ал Сиси.
„Мада Маср“ е независен информативен сајт во Египет. На Твитер налогот на порталот е објавено и дека полицијата „ги држи вработените во зградата и оти се исклучении телефоните“.
Не е познато колку луѓе имало во канцелариите на „Мада Маср“ кога упаднала полицијата.
„Мада Маср“ вчера објави дека полицијата привела еден од уредниците.
Порталот беше помеѓу стотина други медиуми кои египетските власти ги блокираа претходните години.