Египетската полиција по грешка уби 12 туристи

Од:

Полицијата во Египет, случајно, во престрелка во пустина уби 12 туристи и нивниот водич, додека 10 лица се повредени.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека до масакрот дошло „случајно“, откако за комбито во кој биле туристите помислиле дека е возилото на џихадисти, кое со голема брзина се движеле кон пустината. Подоцна била ликвидирана и џихадистичката група која била цел на египетската полиција, а која се сомничи за обезглавувањето на Хрватот Томислав Салопек и за вмешаност во атентатот врз главниот египетски обвинител Хишам Баракат, кој беше убиен на 29 јуни.

Преживеаните туристи соопштија дека патувале низ пустината во конвој од четири возила, кога биле нападнати, пренесува „Гардијан“.

Во соопштението од египетското МВР се наведува дека истражувале „терористички елементи“ и дека туристите не смееле да бидат во таа област.

„Заедничките сили на војската и полицијата биле во потрага по терористички сили во западниот дел на пустината, кога случајно наишле на четири возила со мексикански туристи. Дошло до инцидент, во кој се убиени 12 лица, а 10 се повредени, кои се префрлени во болница“, се наведува во соопштението.

Исто така се дополнува дека е покрената истрага за случајот.

Засега со сигурност е утврдено дека меѓу жртвите има најмалку двајца мексикански државјани. Претседателот на Мексико Енрике Пења Нието го осуди убиството на своите сонародници и го оквалификува како трагичен инцидент. Тој побара од египетските власти целосно расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува