Египетската делегациja во ОН откажа средба со турските колеги заради изјава на Ердоган

Од:

Египетската делегација на 69-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк ги откажа планираните билатерални средби со своите турски колеги, јави ИТАР-ТАСС.

Повод за откажувањето на средбите беше изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го критикуваше својот египетски колега Абдел Фатах ал Сиси, за кого рече дека на власт дошол со воен преврат против законскиот претседател Мохамед Морси.

Египетските претставници веќе ја изразија својата загриженост од изјавите, кои, според нив, се полни со лаги и измислици и покажуваат непочитување кон волјата на Египѓаните.

– Во зборовите на турскиот претседател нема ништо чудно, особено ако се има предвид дека тој се стреми да посее хаос и раздор на Блискиот Исток, политички и финансиски поддржувајќи терористички групи и организации и давајќи им засолниште со цел да им наштети на интересите на народите од регионот во име на личните амбиции и илузии за минатото, изјави портпаролот на египетското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде дека по ваквата изјава нема да се оддржи билатералната средба на министрите за надворешни работи на двете земји, која била побарана од Турција.

Курдска организација Сојуз на курдските општини вчера ја обвини Турција за поддршката на борците на групата Исламска држава, кои се борат против курдските сили во Сирија. Организација, која е тесно поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), предупреди дека ова може под прашање да го стави примирјето во Турција, почнато во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа