Египетската армија убила 241 исламист во Синај

Од:

Египетската армија соопшти денеска дека за пет дена убила 241 исламист на Синајскиот Полуостров, меѓу кои џихадисти од организацијата Исламска држава.

Меѓу 1 и 5 јули биле убиени 241 исламисти, уапсени се четири лица по кои се трагало и уште 29 осомничени, објави на Фејсбук портпаролот на египетската армија.

Египетските војници, распоредени во Синај, се борат со исламистичкиот бунт, кој избувна по соборувањето од власт во јули 2013 година на претседателот Мохамед Морси.

На 1 јули борците од локалниот огранок на ИД извршија серија напади врз армијата во населеното место Шеик Звејд. Според портпаролот на армијата загинале 21 војник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува