Египетската армија елиминира 19 џихадисти на Синајски Полуостров

Од:

Египетската армија денеска соопшти дека ликвидирала еден од религиозните лидери на огранокот на Исламска држава при воздушен напад на Синајскиот Полуостров.

– Вкупно 19 џихадисти загинаа во неколкуте воздушни напади, меѓу кои и началникот на Комитетот за религиозни прашања на групата Ансар Бејт ал Макдис, се наведува во соопштението на египетската армија.

Ансар Бејт ал Макдис извршила повеќе напади врз египетските безбедносни сили во северниот дел на Синај, а од 2014 година групата се заколна на верност на ИД и се преименува во Провинција Синај.

На девети април во два самоубиствени напади на ИД врз две коптски цркви во Александрија и во Танта загинаа 45 луѓе.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува