Египет започна операција против исламските екстремисти во Синај

Од:

Египетските сили започнаа голема воено-полициска операција на полуостровот Синај, каде се најактивни исламските екстремисти.

Портпаролот на армијата, полковникот Тамер ел Рифаи, рече дека во операцијата која започнала денес учествуваат воени и полициски сили, а истата се одвива во централен Синај, египетската делта на реката Нил и Западна пустина долж границата со Либија. Ел Рифаи објасни дека цел на операцијата се „криминални елементи и организации“.

Екстремистичките напади драстично се зголемија во Египет од 2013-та година, кога претседателот Мухамед Морси, исламист, беше расрешен од функцијата по масовните протести против неговото владеење кое траеше една година.

Насилството беше концентрирано во северниот дел на Синај, но се прошири и во други делови на Египет, кои со години се бореа да го потиснат бунтот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува