Египет воведува вонредна состојба за период од три месеци

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси прогласи воведување вонредна состојба во период од три месеци по вчерашните терористички напади врз коптски цркви, во кои загинаа најмалку 44 лица.

– Ќе бидат преземени серија чекори, на прво место воведување вонредна состојба за период од три месеци, изјави вчера Ал Сиси во своето телевизиско обраќање.

Според египетскиот Устав, претседателот треба за период до една недела да побара одобрување од Парламентот. Законодавното тело сепак е под контрола на поддржувачите на Ал Сиси, кој раководи со земјата од 2013 година, кога го собори од власт исламистот Мохамед Морси.

– Ви се обраќам не како христијани и муслимани, туку како Египќани, нагласи претседателот.

– Терористите се обидуваат да го поткопаат нашето единство и потребно е да бидеме внимателни, за да ја заштитиме татковината, додаде тој.

Планирано е во Египет да биде создаден и Висок совет за борба против тероризмот и екстремизмот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува