Најмалку 36 загинати во железничката несреќа во Египет

Од:

Во денешниот директен судар на два патнички воза во Египет, во близина на медитеранското пристаниште Александија, загинаа најмалку 36, а повредени се над 123 лица, соопшти портпаролот на египетското Министерство за здравство, цитиран од ТАСС.

Претходно, беше јавено дека во несреќата загинале 28 лица и дека 90 лица се повредени.

Според дел од американските медиуми, двата воза се судриле во реонот Хоршид, југоисточно од Александрија. Едниот воз доаѓал од престолнината Каиро, а другиот од пристанишниот град Порт Саид, во северниот сектор на Суецкиот канал.

Според информациите од местото на настанот, возот од Каиро со полна брзина удрил во возот од Порт Саид, што запрел поради дефект. Од сударот една локомотива и два вагони излетале од шините.

На местото на несреќата испратени се полициски сили и околу 80 амбулантни возила.

Спасувачите се обидуваат да расчистат урнатините со тешка опрема.

Египетското Јавно обвинителство веднаш почна истрага. Формирана е специјална комисија која ќе ги испита сите околности околу несреќата. Засега нема претпоставки за причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува