Египет со превисока стапка на наталитет, бебе се раѓа на секои 17 секунди

Од:

Египет го помина симболичниот праг од 100 милиони жители. Стапката на наталитет во последните 30 години е огромна, а годишно просечно се раѓаат и по 1,5 милион бебиња.

Според Египетската статистичка агенција (ЦАМПАС) во Египет на секои 17,9 секунди се раѓа по едно дете. Последната година властите започнаа кампања „Две деца се доволно“, но, како што пренесуваат странските медиуми, без резултат.

Претседателот Абдел Фатах ал Сиси во 2017 година превисоката стапка на наталитетот ја посочи како една од главните закани за неговата земја, покрај тероризмот.

Минатата недела, премиерот Мостафа Мадбоулу повторно предупреди дека пренаселеноста е најголем предизвик на државата. Населението на Египет е младо и сиромашно. Речиси 60 отсто од граѓаните се помлади од 30 години.

Пред 30 години, во 1990 година, Египет имал 57 милиони жители. Според проценците на Обединетите нации, Египет, доколку не воспостави ефикасна политика, во 2030 година ќе има 120 милиони жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува