Египет сака да го уреди Суецки Канал за двонасочен сообраќај

Од:

Египет ќе уреди дополнителни 10 километри од Суецки Канал за двонасочен сообраќај, а уште 30 километри ќе се прошират и продлабочат, најави извршниот директор на Суецкиот Канал, Осама Рабие.

Тој додаде дека би било прескапо да се прошири каналот долг 190 километри, што ги поврзува Црвено и Средоземно Море, па затоа ќе се продлабочува само делот што ќе овозможи двонасочен сообраќај од сегашните 75 на 85 километри. Според него целата на проширувањето е безбедност на сообраќајот.

Во втората фаза ќе се проширува каналот 30 километри од јужниот влез за 40 метри и ќе се продлабочува два метра, во делот каде минатата година заглави бродот „Евер Гивен“.

– Тоа е тежок дел од каналот, на тоа место продлабочувањето и проширувањето на свиоците во каналот ќе се израмнат и ќе се намали влијанието на јужните ветрови, посочи Рабие.

Проектот ќе чини три милијарди египетски фунти (околу 191 милион долари), а предвидено е да заврши до крајот на јуни 2023 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет