Египет првпат призна дека рускиот авион бил соборен од терористи

Од:

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска првпат призна дека рускиот авион, кој минатата година се урна на Синајскиот Полуосторов, бил соборен од терористи.

Во авионската несреќа од 31 октомври загинаа сите 224 патници и членови на екипажот.

– Ставен ли е крај на тероризмот? Не, не е, но ќе биде ако се обединиме. Каква цел имал тој што го соборил рускиот авион? Имал за цел да наштети на египетскиот туристички секотор и да ги влоши односите со Москва, истакна Сиси.

Тоа е прво официјално признание од страна на Египет дека авионот бил соборен од терористи. Русија уште во ноември авионската несреќа ја оцени како терористички акт.

Египетскиот огранок на Исламска држава тогаш ја презеде одговорноста за падот на авионот, тврдејќи дека успеала да постави мала бомба во внатрешноста на леталото. Досега Каиро тврдеше дека не се познати причините за нападот. Египетската истрага не исклучуваше ниту една верзија на несреќата, вклучително и техничка неисправност на авионот. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува