Египет: Отфрлени обвиненијата против 379 луѓе

Од:

Египетскиот суд денеска ги отфрли обвиненијата против 379 лица за судири со полицијата во 2011 година, по декретот на претседателот Мохамед Морси, кој ги амнестираше.

Овие лица се обвинети дека ги повредиле полицајците за време на судирите во ноември 2011 година, во улицата Мохамед Махмуд, во близина на централниот каирски плоштад, кога загинаа неколку десетици луѓе.

Морси во октомври минатата година ги амнестираше сите кои се уапсени „додека ја поддржувале револуцијата ги спроведувале нејзините цели“ и тоа во периодот од 25 јануари 2011 година до јуни 2012, кога тој беше избран за претседател.

Амнестијата се однесува и на оние кои се веќе осудени на египетските судови и на лицата во моментов се наоѓаат на суд.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет