Египет: Новиот устав го ограничува претседателски мандат

Од:

Египетското уставотворно собрание, кое се занимава со пишување на новиот устав, изгласа денес дека претседателскиот мандат ќе биде ограничен на два пати по Четири години, со што завршува неограничениот мандат кој беше во сила за време на владеењето на соборениот претседател Хосни Мубарак, кој со оваа земја владееше 30 години .

Пратениците го одобрија овој член од уставот за време на финалното гласање пред “ставање” на нацрт-уставот на јавен референдум, 15 дена откако ќе биде ратификуван од страна на претседателот, пренесува за Ројтерс.

“Претседателот ќе биде биран на четири години, а неговиот мандат ќе почнува на денот на завршувањето на мандатот на неговиот претходник. Тој може да биде реизбран само еднаш”, пишува во членот на уставот.

До вечерва Уставотворното собрание, кое беше бојкотирано од либералите и христијаните, усвои речиси половина од 234 членови од уставот, вклучувајќи и едногласната одлука да се задржи исламскиот закон, шеријатот, како главна основа за законодавниот систем, пренесува АФП.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет