Египет ќе екстрадира Французин во Доминиканската Република

Од:

Египетските власти одлучија да го екстрадираат Французинот Кристоф Нодин, во Доминиканската Република, каде тој е обвинет за помагање на бегството на двајца француски пилоти, осудени во Санто Доминго, за шверц на дрога.

Нодин кој е криминолог и важи за експерт за безбедност во воздушниот сообраќај, беше уапсен во Каиро, во декември минатата година, врз основа на меѓународната потерница што доминиканските власти ја издадоа за него и за уште двајца други Французи кои им помогнале на осудените пилоти да избегаат.

Пилотите Паскал Форе и Бруно Одос беа уапсени во 2013 година, на аеродромот во одморалиштето Пунта Кана во Доминиканската Република, непосредно пред полетувањето на приватно изнајмен авион, во кој полицијата пронајде 23 куфери со кокаин.

Судот во Санто Доминго на двајцата француски пилоти им изрече затворски казни од по 20 години. Додека беа на слобода, во време на жалбената постапка, Форе и Одос побегнаа со брз глисер, во Францусите Антили, колонија на Феранција во Карибите, а од таму со авион во Париз.

Доминиканските власти ги обвинија Нодин и уште двајца други дека го организирале и спровеле бегството на двајцата осудени пилоти.

Француската полиција ги уапси во ноември минатата година, двајцата пилоти во Лион, врз основа на потерницата и барањето за екстрадиција, но според француски правни експерти мали се шансите тие да бидат вратени во Санто Доминго.

Обвинителство во Каиро најави дека екстрадицијата на уапсениот Кристоф Нодин ќе се изврши во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува