Египет ја повика меѓународната коалиција предводена од САД за борба против групата „Исламска држава“ во Сирија и Ирак да почне со напади врз екстремисти и во Либија, ден откако ИД објави видео запис со убивањето на 21 египетски христијански Копти во Либија.
– Египет повторно ја повикува меѓународната коалиција против терористичката организација Даеш да преземе потребни мерки за борба со Даеш и други терористички организации на либиска територија, се наведуав во соопштение на египетското министерство за надворешни работи, што го користи арапскиот акроним за ИД.
Егиептската армија објави дека извршила воздушни напади на центри и магацини со оружје на ИД во Либија.
Одлуката за воздушни напади е донесена синоќа на седница на египетскиот Национален совет за одбрана под претседателство на претседателот Абдел Фатах ас Сиси.
Армијата објави снимки на воени авиони, Ф-16 од американско производство, како полетуваат во текот на ноќта, во насока кон Либија. Според очевидци во Либија, египетските воени авиони извршиле напади врз џихадисти во градот Дерна.