Едно лице загина, а тројца се повредени при судир на два мали авиони над трговски центар во близина на канадскиот град Монтреал, изјави министерот за јавна безбедност на канадската провинција Квебек, Мартин Коатјо.
Еден од авионите се урнал врз покривот на трговскиот центар, а другиот на паркингот.
Засега не е позната причината за несреќата, соопшти полицијата.