Eдно лице загина, а девет се повредени во невреме во Полска

Од:

Бури и урагански ветрови проследени со град, беснеат во неколку региони на Полска веќе втора седмица, едно лице загина, а девет се повредени, јави полската телевизија.

Стихијата претходно оштети дел од автопатот во јужниот дел од земјата, а во градот Биштинек во североисточниот дел од земјата град со големина на јајце од кокошка ги оштетил речиси сите покриви во градот.

Во саботата, главниот удар на стихијата минала во северните и северозападните делови на земјата. Во Кујавско-Поморското војводство дрво урнато од ветрот паднало врз куќа при што повредило четири лица од кои едно дете. Силниот ветар уништил предизвикал силни штети во кои се повредени пет лица на брегот на Балтичко Море. Според локалните власти во налетите на стихијата се урнала една куќа при што загинало едно лице.

Во многу делови од регионот ветрот ги однел покривите од многу куќи. Вкупно биле оштетени неколку стотици домови, а властите вршат проценки на предизвиканите штети.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он