Едно лице загина, а 56 се повредени при превртување на автобус во близина на Гранд Кањон во американската сојузна држава Аризона, соопштија властите.
Несреќата се случила кога туристички автобус се судрил со патничко возило на паркинг, изјави портпаролот на туристичката агенција за телевизијата КТНВ во Лас Вегас.
Несреќата се случила во областа на резерватот Хуалапају, каде што има и платформа за набљудување која штрчи на околу 1.200 метри над кањонот, пренесува Ројтерс.
Причините за несреќата се уште се истражуваат.