Едно лице е убиено на местото на инцидентот во Мелбурн, каде полицајци застрелаа напаѓач со нож.
– Тројца луѓе се избодени и еден почина на лице место. Двајца други во моментов се во болница, изјави полицискиот началник Дејвид Клејтон.
Полицијата потврди дека осомничениот напаѓач е застрелан во градите. Тој моментално е во критична состојба и е во болница под полициска заштита.
– Во оваа фаза нема индикации дека инцидентот е поврзан со тероризам, рече Клејтон додавајќи дека полицијата не бара други лица поврзани со нападот.
Инцидентот во Мелбурн почна откако полицијата била повикана поради запалено возило во улицата Берк.