Една од жртвите на Харви Вајнштајн сведочеше на судењето во Њујорк

Од:

Една од двете главни жртви на судењето на Харви Вајнштајн сведочеше дека била сексуално злоупотребена од Вајнштајн во неговиот стан во Њујорк.

Вајнштајн до сега го обвинија повеќе од 80 жени за силување и вознемирување, но пред судот во Њујорк го тужат само две жени.

Една од нив е поранешна помошничка на Вајнштајн, Мими Харлеј која тврди дека била сексуално злоупотребена од Вајнштајн во 2006 година.

Халеј вели дека не било возможно тогаш да го пријави Вајнштајн и да повика полиција бидејќи работела без работна виза и Вајнштајн и се заканил со прогон од САД.

Вајнштајн е обвинет за сексуална злоупотреба, силување и вознемирување на повеќе од 80 жени. Обвиненијата против него доведоа до создавање на движењето #MeToo кое ги обедини жените жртви на сексуално насилство од Холивуд, но и од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Харви Вајнстин има леукемија

Документи за Епстин: „Принцот Ендру добиваше секојдневни масажи“

Харви Вајнстин прогласен за виновен и на второто судење за силување

ВИДЕО: На Вајнстин сепак ќе му се суди за силување во Лос Анџелес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вајнстин се изјасни за невин за силувањата во Лос Анџелес

Ана Ололовска

На Вајнштајн одземено британското признание за придонес во филмската индустрија

Ана Ололовска