Една капка крв реши две убиства стари 30 години

Од:

Една капка крв доведе до апсење на осомничениот за нерешените убиства на Кетрин и Џорџ Пикок во Денби, Вермонт пред повеќе од три децении.

Џорџ (76) и Кетрин (73) беа убиени во нивниот дом во септември 1989 година. Двојката беше избодена до смрт и немаше знаци на насилно влегување во нивниот дом.

Во четвртокот полицијата соопшти дека конечно го уапсила осомничениот, по повеќедецениска истрага, јавува Си-Ен-Ен.

Осомничениот, 79-годишниот Мајкл Ентони Луис, е уапсен во неговиот дом во Сиракуза, Њујорк, по две точки од обвинението за убиство од втор степен. Тој во моментов е во притвор во Њујорк и чека екстрадиција во Вермонт.

Си-Ен-Ен јавува дека Луис бил оженет со една од ќерките на Пикок во моментот на убиството. Тој беше идентификуван како осомничен само две недели по убиството, но истражителите не можеа да утврдат „конкретна врска“ со злосторството.

Но, во мај 2020 година, ДНК-тестирањето потврди дека една капка крв пронајдена во автомобилот на Луис му припаѓа на Џорџ Пикок. Крвта била претходно тестирана, но резултатите биле „неубедливи“, велат од полицијата. Напредокот во форензичката технологија во изминатите децении им овозможи на истражителите конечно да ги поврзат тие докази со жртвата.

Би можело да ве интересира

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“